УЕФА ништо не остава на случајот, па за денешниот почеток на аплицирањето за билети за европскиот Супер куп дуел што на 8 август во Скопје ќе го играат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ги испрати како промотори во земјава своите поранешни ѕвезди. Кралскиот клуб го делегираше стрелецот Емилио Бутрагењо, а “црвените ѓаволи” од Олд Трафорд го испратија левиот бек.

Шпанецот кој е директор во Реал и Французинот кој е во раководството на Јунајтед зборуваа за своите екипи, за противничките, за гостопримството во Македонија, а пред се на Супер куп мечот кој практично е финале на УЕФА сезоната 2016/2017. Тие ги повикаа навивачите да бидат дел од големиот спектакл кој ќе се одржи во Скопје.

SHARE