Ванковска: Бевме ставени пред стрелачки вод

Професорката Билјана Ванковска во емисијата “Само вистина” зборуваше за нападите од дел од јавноста за 200 интелектуалци кои побараа прекин на преговорите за името.

“Бевме ставени пред стрелачки вод” изјави Ванковска во обид да ги опише координираните напади врз 200 интелектуалци од страна на една група јавни личности блиски на власта.

Таа ги отфрла наводите дека потписниците на прогласот се антизападно настроени затоа што и таа и многу други од потписниците се образувале на запад и соработуваат со западни институции.

– Ако е веќе доцна зошто толку се вознемирија страстите, одговара професорката на прашањето дали е доцна за реакција за името затоа што наводно договорот со Грција е затворен.

– Со некои од луѓето потпишани на прогласот не би седнала во ова студио, вели Ванковска според која сепак националните интереси се многу поважни од личните ставови на поединци и затоа таа и многу други го потпишале прогласот со кој се бара прекин на преговорите за името.

SHARE