Ванковска: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се како „Кока кола“ и „Пепси“

Универзитетската професорка Билјана Ванковска сликовито ја објаснува тешко забележливата разлика според неа во моментов меѓу двете најголеми политички партии во Македонија.

„Не е далеку денот кога и официјално ќе имаме еднопартиски систем на СДСМ-ДПМНЕ. Сè потешко е да ги најдеш разликите меѓу нивните позиции, па е чудно што досега не формираа влада на национално единство.
П.С. Да потсетам дека ова не е ново сознание: одамна реков дека разликата меѓу нив е како меѓу ‘Кока кола’ и ‘Пепси’“, напиша Ванковска на Фејсбук.

 

1 Коментар

  1. Што ни треба НАТО? Поарно ќе беше да се зачленивме во Неврзаниот покрет под уставното име (150 земји). Со НАТО само ќе добиеме на поклон моќен непријател Русија и евентуален конфликт со Србија.

Comments are closed.