Ванковска: Хунта! Толку! Крај! Енде!

Loading...

Универзитетската професорка Билјана Ванковска на својот профил на „Фејсбук“ реагира по изгласувањето на Законот за употреба на јазиците пред малку со прекршување на процедурата и на низа закони.

„Хунта! Толку! Крај! Енде!“, напиша еден од 200. интелектуалци и уште десетина илјади граѓани потпишани на прогласот за името откако, наводно, 64 пратеници „гласаа“ на сличен начин како при „изборот“ на Талат Џафери за претседател на Собранието.

„А, бре, Македонче, каде се спремаш? Јас сега ќе си излезам пред Собрание! Иако е покојно! Синоќа кажав што ќе се случи – сепак, тешко е да гледаш од страна како ја фрлија во пепел и последната трошка надеж дека од ова може да биде држава!“, додаде Ванковска во нов пост дваесетина минути подоцна.