Ракометарките на ЖРК Вардар денеска можат да го потврдат првото место во својата група од Лигата на шампионките за што им треба само победа против Битигхајм во Јане Сандански. Новите два бода би биле доволни црвено црните да бидат недостижни за сите конкуренти во последните два круга и затоа Вардарки сакаат победа, но и добар амбиент.

„Занеме дека ќе сакаат да изненадат, тоа е нормално, но ние сме подготвени за славје во кое би сакала да учествуваат и навивачите. Зато ги повикувам денеска да бидат со нас и заедно да дојдеме до важна победа“ рече Јованка Радичевиќ во најавата на овој дуел што започнува во 19 часот.

Натпреварот ЖРК Вардар-Битигхајм ќе се одвива во Јане Сандански, а претпоставките велат дека со триумф црвено црните веднаш би го добиле тоа што го сакаат и би биле први во групата 2, без оглед на игрите на Мец. Тоа пак, би ни го отворило патот кон нов Фајнал форот затоа што во четвртфиналето Вардарки би ги избегнале двата последните европски шампиони Ѓер и Букурешт, и рускиот Ростов, и би имале далеку полесен противник.

SHARE