14.09.2017. Македония, Скопье, стадион «Филипп II Македонский». Лига Европы УЕФА 2017/18, 1-й тур, «Вардар» — «Зенит».

Новиот петти пораз во исто толку кола во групата Л од Лига Евроа изнесува 2-1, а констатацијата за пристојното издание и резултат се должат на голот што во 93 минута го постигна Дејан Блажевски, со кој само го ублаживме поразот, не дојдовме до првиот бод, но барем погодивме по втор пат во групната фаза. Интересно двата вардарови гола се од гостувањата, а и двата се постигнати во продолженијето на времето. Претходно на Крестовски стадионот Зенит се имаше обезбедено затоа што поведе преку Полоз во 16 минута, па Џуба промаши пенал во 27 минута, а до полувремето Русите погодија и преку Ригони во 43 минута за да ја безецираат победата.
Гостувањето во Санк Петербург и поразот од Зенит со 2-1 е и најдобриот резултат на Вардар до сега во групниот сегмент Лига Европа. Но има уште една шанса на 7 декември кога во Скопје ќе дојде Розенборг и тоа во меч без притисок зошто по денешниот пораз на Норвежаните дома од Реал Сосиедад со 0-1, тие исто како и ние се без шанси за 16 финалеето.

Оставете коментар