Loading...

Ракометарите на актуелниот освојувач на СЕХА во Скопје вечерва го совладаа Цеље со 35-27 и на најдобар начин се „вратија“ по првиот и единствен пораз во досегашниот дел од сезоната забележан во саботата во Блау Грана и во рамките на Лигата на шампионите.

Вардар го демолира словенечкиот првак уште до полувремето кога имаше водство од 20-10, по што останатото беше рутина. Црвено црните го имаа Дибиров како најефикасен со 7 гола, и Милиќ како најдобар со 14 одбрани, додека во средбата во Јане Сандански се истакна и Мачковшек во гостинскиот тим со 11 погодока.

Во претходниот термин во нов СЕХА меч, Металург загуби кај Загреб со 30-28 по што се околу настапот на Фајнал форот е практично завршено, особено што и Брест славеше со 29-19 кај Нексе, по што сините се оддалечени цели десет бода од четвртото место, а до крајот на лигата има уште четири кола.