Само седум дена по првенствениот меч во кој Шкендија и Вардар одиграа 1-1, двата најдобри македонски фудбалски колективи го повторија истиот резултат и во Купот на Македонија.

Разликата е што сега тетовци поведоа, па Вардар изедначи, и што Шкендија сега има предност зошто реваншот од четврт-финалето е во Тетово.

Првиот гол беше ремек-дело на Бесарт Ибраими.

Вториот гол исто така преубав, од слободен удар на Луис Фелипе.