Ракометарите на Вардар имаат нова одлична претстава во Ланксес арената во Келн и имаат само минимална негатива на полувреме од мечот за титулата во Лигата на шампионите против ПСЖ со 12-11. Црвено црните водеа и со 3 разлика (5-2), водството го имаа низ 29 минути, а го загубија на самиот крај од воведното полувреме. Арпад Штербик одново има свој ден со шест интервенции и одбранет пенал, а сосема добри партии имаат и Дибиров и Чупиќ кои дадоа по два гола, но и сите останати кои играат пеколна одбрана која до 20. минута им овозможи на Французите само 4 гола. Потоа фаворитот го сврте мечот за водтсво кое на Вардар се уште му дава реални шанси за победа и Европска титула.

SHARE