Loading...

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено 31-31 со Висла Плок во последното коло од групата А од Лигата на Европските шампиони. Во Скопје вечерва се почувствува отсуството на мотиви кај црвено-црните кои од вчера, од ремито на Нант кај Рајн Некар (30-30) беа сигурни дека ќе завршат како први во својот состав, дека ќе го прескокнат осминафиналето и ќе се вратат во обидат да ја задржат титулата освоена во Келн лани во четвртфиналето.

Вардарци ги испуштија Полјаците затоа што имаа напад за победа што Стоилов го промаши односно Викари го одбрани неговиот удар. Претходно и водство на гостите од 10-7 и нерешено на полувреме 16-16, и три разлика за нас во последните десет минути, 27-24. Потоа пад на Вардар, контри на Висла и објективни 31-31. Најдобри поединци без Циндриќ со седум и Карачиќ со 6 гола кај нас и Дуарте со 10 во мечот.

„Играчите дадоа се од себе и горд сум на нив. Ќе ја искористиме паузата до четвртфиналето добро да се подготвиме“ рече по мечот тренерот Раул Гонзалез.

Инаку Висла не успеа да дојде до елиминациите бидејќи бодот од Скопје им е малку по победата на Кристијанштад во Загреб со 27-24. Следниот противник на Вардар, во четвртфиналето од ЛШ ќе дојде од мечот на Пик Сегед и Киелце или Кил, а ќе се случи во последните два викенда од април.