Варуфакис: Распаѓањето на Македонија ќе доведе до Голема Албанија

Спорот меѓу Македонија и Грција за името е поврзан со создавањето на Голема Албанија предупредил поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис.

„Неопходно е да се разбере дека најголема закана од нашиот сосед не се демонстрациите на Александар Велики, туку распаѓањето на самата држава“, рече тој.

За време на презентацијата на новата партија „Движење за демократија во Европа 2025“ (DiEM25) Варуфакис истакнал дека распаѓањето на Македонија ќе доведе до Голема Албанија, пишуваат бугарски медиуми повикувајќи се на информацијата што ја сподели албанскиот„Топ ченл“.

Варуфакис, појаснил дека во Тетово има вооружени Албанци кои биле подготвени да ја поделат Македонија „според логиката на Голема Албанија“. Тоа, според грчкиот политичар, би претставувало закана за националните интереси на Грција.