Генералниот секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во Албанија Васил Стерјовски, предвидува дека следен чекор на Бугарија, откако издејствува признавање бугарско малцинство во Албанија, ќе биде негирање на македонското малцинство, но и негирање на македонската нација.

Во настап во дебатната емисија „Топ Шоу“ на албанската телевцизија „Топ Чанел“, Стерјовски говори за неодамна усвоениот Законот за малцинствата и реакцијата на македонската заедница по признавањето на бугарско малцинство во Албанија.

https://www.facebook.com/vasil.sterjovski/videos/10212297915096548/

„Македонците во Албанија се под засилена бугарска пропаганда. Пред еден месец албанскиот Парламент го усвои Законот за малцинствата, во кој, под притисок од Бугарија и со закана со вето, вметна и бугарско малцинство, кое не постои и со кое Бугарите претендираат на македонските области. Значи, во областите што се населени со Македонци Бугарите претендираат дека тие се Бугари. Целата оваа пропаганда изминативе години заврши со успех за бугарската кауза, за жал, на штета на Македонците, кои се оставени сами да се борат со бугарската пропаганда. Немаме никаква помош, ниту реакција од македонските институции. Упатуваме апел до сите македонски политичари и институции да не го остават празен просторот на Македонците во Албанија, бидејќи тој простор ќе го пополни Бугарија. Работата е итна, бидејќи следен чекор на Бугарија, откако успеа да вметне бугарско малцинство во Законот, ќе биде негирање и елиминација на македонското национално малцинство во областите Голо Брдо и Преспа и постоење само на бугарско малцинство“, предупреди вториот човек на партијата на Едмонд Темелко на научната трибина „Македонците во Албанија, искуства и предизвици“, организирана од Јавна национална установа „Институт за старословенска култура“ кон средината на ноември во Прилеп.

Оставете коментар