Васко Ефтов: Шекеринска е во трка за претседател на РМ

Новинарот Васко Ефтов предвидува дека министерката за одбрана Радмила Шеќериннска ќе биде кандидат за претседател на Македонија од редовите на СДСМ на наредните избори кои треба да се одржат во април 2019 година.

„Додека Заев се троши како мексикански боксер (и мора да ја плаќа цената за политичко лихварење пред изборите) Шекеринска како министерска за одбрана работи на стратегијата да биде кандидат за претседател во 2019 година.

Сите сдсмовски тешкаши имале вакво финале во политичката кариера Глигоров, Црвенковски, и сега Шекеринска која ќе сака да ја продолжи традицијата.

Таа прифати да биде во сенка како министер за одбрана и да го троши Заев во неговата офанзива да ја претвори Македонија во чергиче по кое ќе газат соседите, го остави надвор од извршната власт Стево Пендаровски (кој би можел да и биде конкурент во претседателските комбинаторики) и во наредните две години ќе гледаме војнички дуел меѓу Шеќеринска и Ѓорге Иванов.

Шеќеринска ќе го блокира Иванов како што тоа го правеше Бучковски против Борис Трајковски во 2001 година. Ќе калкулира дали да има непосредни претседателски избори или да се смени уставот и шефот на државата да се избира во Парламентот.

И ќе ја следи разврската со Агенцијата за разузнавање  – дали АР ќе се спои со ДБК. Ќе биде „Рада ради добро да заради“!!!“ пишува Ефтов кој добро ги познава состојбите кај социјалдемократите, на својот профил на Фејсбук.

SHARE