Италијанскиот весник “Fato kvotidijano” објави дека полицијата упаднала во стан во Рим што и припаѓа на Конгрегацијата за доктрината на верата и таму пронашла маж кој бил под дејство на дрога до степен на предозираност.

Станува збор за секретарот на кардиналот Францеско Кочопалмерија кој е шеф на Советот за законодавни работи на Понтификатот и еден од главните советници на папата Франсис. Според италијански извори споменатиот кардинал, бил препорачан за бискуп токму од папата.

Fato kvotidijano” наведува и дека папата Франсис бил “многу бесен” кога дознал за случајот кој се случува во исто време со обвинението за педофилија против кардинал Џорџ Пел, кој моментално е на духовно опоравување во еден манастир каде го чека судењето.