Веб страната на „Кривичен“ не можеше да го издржи стресот – Груевски чека одлука за притвор

Преголемиот бран на посетители најверојатно е причината за падот на веб-страната на скопскиот Кривичен суд кој треба да даде одговор дали екс премиерот Груевски и неговите соработници ќе заминат во притвор или ќе се бранат од Слобода.

За денеска изутрина беше најавено дека на оваа веб адресата ќе биде објавена одлуката дали ќе им биде изречена мерката притвор на Никола Груевски, екс-министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, шефот на кабинет Мартин Протоѓер и екс генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ Кирил Божиновски.

СЈО во четвртокот за нив во врска со случајот „Титаник“ побара мерка притвор.

SHARE