Велешки хакер пријавен во разузнавањето на САД поради интернет сајт

Сопственик на интернет сајт од Велес кој што пласирал лажни и навредливи вести за Хилари Клинтон во текот на кампањата за избор на претседател на САД минатата година и подоцна, е пријавен до американскиот комитет за разузнавање кој се занимава со истражување на странски обиди за влијание на американските избори.

Велешанецот е пријавен од страна на групата „Alt US Cyber Command“ која на социјалните мрежи се претставува како „горд бранител на САД против изборни упади и чувар на земјата во информативна војна дома и во светот.

„MakeDon’t не си играј со изборниот процес во САД. Одлични наочари, дечко“, пишува во пораката објавена на социјалните мрежи.

Групата според сопствено тврдење е составена од загрижени американски цивили.

Велешанецот е пријавен кај американските власти откако на член на групата му понудил да затвори интернет сајт кој што ширел лажни вести за Хилари Клинтон.

Според американската група момчето од Македонија се обидел да продаде анти – Клинтон сајт за 4,5 илјади евра што според него била негова двoмесечна плата. Велешанецот во разговорот со член на групата од САД вели дека ако ги добие парите спорниот сајт веднаш ќе биде затворен.

Пред неколку дена американските медиуми објавија дека Фејсбук затворил преку 30 групи од Македонија затоа што користејќи невистини ги наведувале американските гласачи како  да гласаат во текот на изборите. (читај тука за акцијата на Фејсбук) 

Поради заштита на приватноста на момчето од Велес  expres.mk не го открива неговиот идентитет а на сликите со него е интервенирано од редакцијата.

SHARE