Арсен Венгер заработил 120 милиони евра само од договори во минатите 20 години во Арсенал, а со парафирање на новиот договор во траење од две години си обезбеди нови 19 милиони. Во овие суми не се вклучени премиите, бонусите и наградите за освоените титули, а во овој период ги имаше вкупно 16.
Венгер во минатите две децении на Хајбери, па потоа на Емирати стадионот дојде до 3 пехари во Премиер лигата, седум во ФА купот и 6 во Комјинити шилд натпреварувањето. Критичарите, а меѓу нив има доста легенди на клубот, не можат да прифатат дека Французинот остана и покрај низата од лоши сезони, на шега велат дека тој е најплатениот тренер во историјата на фудбалот, зошто секој трофеј, а меѓу нив нема ниту еден Европски, чини вистинско богатство вложено само на клупата.

SHARE