Венецуела по македонски рецепт од 27 април (видео)

Стотина приврзаници и симпатизери на венецуелската влада упаднале денеска во Национално собрание, пренесуваат светските агенции.

Приврзаниците на Владата на претседателот Николас Мадуро во Националното собрание, во кое доминираат опозициските сили нападнале поголем број пратеници меѓу кои има и потешко повредени.

Според очевидци на инцидентите напаѓаќите биле облечени во црвено а во нападот користеле дрвени стапови. Најголем хаос бил предизвикан кога приврзаниците на претседателот Никола Мадура запалиле пиротехнички материјали по што настанала паника во која се повредени дел од пратениците.

Дел од агенциите пренесувајќи ја веста за Венецуела ја споменуваат и Македонија каде што пред два месеци се случи сличен инцидент.

SHARE