Ο βουλευτής της ΔΗ.ΣΥ Ευάγγελος Βενιζέλος μιλάει κατά τη διάρκεια της παρουσίασης του βιβλίου "Το Μακεδονικό", στο υπουργείο, Αθήνα Τρίτη 27 Μαρτίου 2018. ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΓΙΑΝΝΗΣ ΚΟΛΕΣΙΔΗΣ

Потребно е решение „кое нема да биде уште еден привремен договор, нема да биде делумно решение (…) туку ќе биде целосно и едно решение“ смета поранешниот шеф на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, пренесуваат вечерва грчки медиуми.

„Решението треба да биде комплексно име, со географска одредница на словенски – и по можност непреведено – што нема да остави празнини и недоразбирања во врска со неговата употреба, erga omnes, и ќе важи за сè.

Тоа ќе биде едно за внатрешна и за надворешна употреба, без постојната разлика помеѓу внатрешно уставно име и меѓународно име за употреба во меѓународни организации.

Тогаш ќе се решат сите технички проблеми што се однесуваат на јазикот, производите, државјанството и така натаму“ изјавил Венизелос, кој беше шеф на грчката дипломатија (2013-2015) во владата на Андреас Папандреу.

Постои нова влада, владата на Заев-Ахмети, која има расположение, декларираната подготвеност да продолжи со сериозен пристап кон ова прашање и да ги исполни меѓународните обврски на соседната земја, изјавил Венизелос

1 Коментар

  1. Македонија веројатно нема да стане членка на НАТО! За ЕУ не знам. Но едно е сигурно, а тоа е дека Македонија никогаш нема да си го смени името по Грчки ќеф и каприц! Со овие веќе пропаднати преговори со Грција, јасно е дека цел на Грција е да потпишеме спогодба во која ќе се согласиме дека не сме Македонци, по што Нимиц ќе е однесе во ООН за да биде прифатена во СБ, и потврдена во Генералното собрание на ООН! Тоа ниту СДСМ ќе прифати, ниту БИЛО која Македонска партија! Со идната спогодба треба да се откажеме дека сме Македонци, со нашиот потпис! ТОА нема да се случи, НИКОГАШ!

Comments are closed.