Венко Филипче потврдил дека е идниот министер за здравство

 

Во наредните два дена, пратениците во Собранието ќе треба да се изјаснат за предлогот на СДСМ, за иден министер за здравство да биде избран неврохирургот Венко Филипче.

Таа одлука на вкладејачката партија му била соопштена вечерва и нему, пишува Нова ТВ.

„Ние не правиме договори за нешто што веќе сме го договориле при формирањето на владата. Во времето додека како Алијанса за Албанците управувавме со Министерството за здравство, управувавме правично и успешно. Не гледам причина зошто би требало Министерството за здравство да го менуваме за некој друг ресор“, изјавил утрово Зијадин Села за Алсат М.

„Ако на премиерот му пречи успехот, тогаш треба да му се обратите нему“ рекол лидерот на Алијансата за Албанците според кој на оваа партија ѝ припаѓаат две министерства – за здравство и за локална самоуправа.

Лидерот на Аијансата на Аклбанците е во САД и ќе се врати во среда.

Во меѓувреме, извори во СДСМ за Алсат брифирале дека доколку партијата на Села ја прифати функцијата вицепремиер за реформи, тогаш ќе остане во Владата, но во спротивно, нема што повеќе да ѝ се понуди.

Ова одново го актуелизира прашањето дали партијата на Села ќе остане во влада или едноставно ќе се помири со поунудата што (не)смее да ја одбие.