Расел Вестбурк е носител на признанието МВП на сезоната во НБА лигата. Плејот на Оклахома имаше неверојатен просек од 31,7 поени, 10,7 скокови и 10, 4 асистенции за што освои 888 гласа наспроти 753 на Џејмс Харден и 500 на Каваи Ленард. Вестбрук рано ја заврши сезоната зошто Тандерси испаднаа во првиот круг од плеј офот, но неговите 42 трипл дабл ефекти беа пресудни за тоа трофејот да заврши кај него.

Во останатите категории. Дрејмонд Грин од Голден Стејт е најдобар дефанзивец, Јанис Антетокумпо од Милвоки имал најголем напредок, Ерик Гордон од Хјустон е најдобар шести играч, а истиот тим го има и најдобриот тренер Мајк ДАнтони кој доби повеќе гласови од Грег Поповиќ и Ерик Споелстра. Претходно беше избрана и петорката на најдобрите дебитанти која ја предводи Дарио Шариќ, а во која има дури четвортица неамериканци.

SHARE