Loading...

Работнички и МЗТ Скопје по долго време одново се најдоа во меѓусебна битка во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија и утре во Кавадарци ќе решаваат за пехарот кој дури 17 пати го освојувале заедно. Попладнево Работнички го совлада Куманово со 77-68 при што скопјани водеа цело време, а Николовски и Чековски комбинираа 33 поена, додека вечерва МЗТ Скопје беше подобар од Блокотехна со 89-78 во многу поинтересен двобој во кој Крофорд даде 30 коша.
Утре од 20.30 е финалната средба, а од 17.30 и мечот на Бадел и Вардар за трофејот во Купот кај девојките.