Loading...

Виган синоќа го извади од такт тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола кој сакаше пресметка со колегата Пол Кук, го натера Серхио Агуеро да реагира невообичаено и да удри противнички навивач, но и да постави веројатно нов рекорд во светскиот фудбал. Имено англискиот второлигаш во пресметката од ФА купот ја имал топката во посед само 17 проценти од времето, а победи со 1-0 и го исфрли големиот фаворит.