Музејот на Лудвиг ван Бетовен во сабота ќе биде отворен за јавноста, објави Мати Бунцл директорот на Музејот на градот Виена со напомена дека овој музеј ќе обезбедува сеопфатен и детален увид во животот и делото на познатиот германски композитор.

„Ова е еден од поголемите проекти, направени со срце и во соработка со повеќе партнери, но за нас тоа, пред се, беше задоволство и голем предизвик“, изјави Бунцл.

„Новиот музеј нуди уникатна синтеза на музика и лични предмети на музичкиот гениј, и фрла светлина врз животот и работата од научна гледна точка“, изјави кураторот Лиза која се надева дека ова ќе стане нова атракција на градот Виена.

Музејот вклучува колекција на ракописи, инструменти и пијано на кое Бетовен свирел, потоа книги, слики, мебел, оригинални писма и други предмети кои му припаѓале на композиторот во 19 век.

За реновирање на музејот, кое траеше пет години, беа потрошени вкупно 750.000 евра. Овој исклучителен проект, според директорот е реализиран во соработка со Музејот на град Виена и многу културни институции.