„Виножито“: Македонскиот јазик преживеа и потешки времиња

„Современиот македонски јазик, мајчиниот јазик на илјадници граѓани во Грција, не е изгубен, се слуша насекаде, во селата на неколку километри од центарот на Солун, источно од Костур, во планините Драма, во селата …

Се слуша секаде каде има македонска куќа, македонска душа, во македонските песни и ора, а луѓето сè уште ги нарекуваат малцинските села со нивните македонски имиња, а не со оние дадени по „грчката прекрстување“ по 1913 година“.

Ова е дел од соопштението по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на политичката партија „Виножито“, околу која гравитира македонското малцинство во Грција, и која е членка на Европската слободна алијанса (EFA), во кое се истакнува дека политичкиот систем во Грција со децении се бори да го искорени и се уште се бори да го избрише македонски јазик „кој се противи и преживува преку пренесување на сеќавањата, обичаите, обичаите и културата од генерација на генерација“.

Грција и во последните преговори за промена на името инсистира дека не само што треба да има промени на името на Република Македонија, туку дека треба да се промени националниот идентитет и јазикот.  Официјалниот став на грчката држава ја следи „Доктрина“ дека не постои македонска нација и македонски јазик.

Добро познатата „доктрина“, се вели во соопштението на „Виножито, ги засега и етничките Македонци во северна Грција, чие единствено постоење не е признаено во согласност со меѓународните договори.

Тврдењето за „непостоењето на македонскиот јазик“ се базира на тезите дека тоа е  турско-бугарска мешавина, дека е словенски јазик, српски (некогаш), дека е бугарски, дека тој јазик нема писмо и го говорат локални луѓе.

Македонски јазик го користеле жителите и пред и по 1923 година, иако грчката држава направи се за да го искорени од секојдневниот живот.  Добро е познато што се случувало во не толку далечното минато : прогонства, закани, заплашување, тортура, физичко и психичко насилство.