Вицепремиерот Османи му одговори на амбасадорот Тимоние (ВИДЕО)

Во своето редовно неделно видео обраќање вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи му испрати неколку пораки на францускиот амбасадор во Скопје, Тимоние кој предходно изјави дека начинот на кој беше донесен законот за јазиците може да влијае на губењето на препораката за почеток на преговори со ЕУ.

“Точно е дека Законот за јазици беше донесен во мачна и напната атмосфера која не доликува на една демократска земја но мораше да биде така затоа што опозицијата со месеци одбиваше дебата”, вели Османи во пораката.

– Препораката за членство во ЕУ виси, поради начинот на кој е донесен Законот за јазиците, изјави предходно Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Според него, може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието.

– Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизациска дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава – изјави пред пет дена Тимоние.

Видеото кое е објавено на албански и македонски јазик е на следниот линк