Вечното прашање колку вода на ден му е потребно на организмот е депласирано кога надвор е преку 40 степени целзиусови. Но, некои велат дека 2 литра вода дневно е доволно, а други сметаат дека таа бројка треба да биде многу поголема, и што е најинтересно, во сето тоа не се вклучени газирани пијалоци, сокови или други пијалоци кои никако не можат да ја заменат водата.

Постојат луѓе кои се толку навикнати да пијат други пијалоци што ним водата им станала невкусна и ја пијат далеку помалку, но тоа не е добро за организмот особено во овој пеколен период. За таквите случаи само куса препорака во водата да уфрлите малку краставица или сок од лимон, и водата станува повкусна и попријатна за пиење.

Еве резултатити од научни истражувања кои посочуваат колку вода треба да пиете. Се е втемелено на тежината, а се однесува на 24 часа, со забелешка дека во табелата станува збор за минимално количество на вода, што треба да се испие. Во исто време, иако човековото тело е преку 70 насто вода, треба да се знае и дека преголемото внесување на течноста што живот значи,  може да создаде проблеми, во прв ред да го крене крвниот притисокот.

Табела:

60 до 64 килограми – 2 литри вода

65 до 69 килограми – 2,1 литри вода

70 до 74 килограми – 2,3 литри вода

75 до 79 килограми – 2,5 литри вода

80 до 84 килограми – 2,6 литри вода

85 до 89 килограми – 2,8 литри вода

90 до 94 килограми – 3 литри вода

95 до 99 килограми – 3,2 литри вода

100 до 104 килограми – 3,3 литри вода

105 до 109 килограми – 3,4 литри вода

110 до 114 килограми – 3,6 литри вода

115 или повеќе килограми – 3,7 литри вода