Владата го стопираше Казандол (ВИДЕО)

Договорот за концесија на локалитетот Казандол кој се наоѓа во близина на општините Валандово, Богданци и Дојран е раскинат откако концесионерот не ја исполни обврската во рок од две години од денот на доделување на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

„Здравјето на граѓаните е над било кој приватен интерес и еколошката безбедност на државата е над било кој приватен интерес. Оваа порака ја испраќаме до граѓаните на Валандово, Богданци, Дорајн, но и до сите жители на РМ“ изјави македонскиот премиер.

Владата имала правен основ за еднострано раскинување на договорот со концесионерот, Друштвото за експлоатација преработка и производство „Сардич МЦ“ ДОЕЛ увоз – извоз Скопје , објасни премиерот Заев, а одлуката стапува во сила по објавување во Службен весник.