Македонија, како мала земја, е прилично голем играч во областа на лажните вести и во рамки на Глобалниот самит за Западен Балкан што ќе се одржи на пролет ќе има посебен панел само за ова. Ќе ги поканиме сите големи медиуми и меѓународни организации затоа што сакаме заеднички да дебатираме (за тоа), изјави денес министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој имаше средба со со претставникот за медиуми во ОБСЕ, Харлем Дизер, на која станало збор за проблемот со лажните вести во Македонија.

Одгповарајќи на новинарско прашање по средбата, Манчевски рекол дека владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кој би се регулирала работата на порталите, но е отворена за сугестии за законот доколку  професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа.

Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање од медиумските работници. Мислам дека ни треба консензус како општество ако треба да го отвориме ова прашање, истакна Манчевски.

Оставете коментар