Владата ја прекршила сопствената одлука за законот за јазици

При усвојување на законот за јазици владата не ја испочитувала сопствената одлука заверена од СДСМ и ДУИ спиред која предлог текстот прво да помине во Венецијанската Комисија па дури потоа да оди на гласање.

Одлуката е донесена во текот на јули по барање на меѓународната заедница во случај законот во иднина да се оспори пред Уставниот суд.

Тоа уште во текот на летото го изјави вицепремиерот за европски прашања за Алсат – М.

Тогаш според Бујар Османи пречка за носење на законот за проширена употреба на албанскиот јазик била неусогласеноста на одредени детали од текстот.

„ Се согласивме во Влада и наскоро ќе го усвоиме. Имаше неколку сугестии од меѓународниот фактор дека не треба да дозволиме по усвојувањето евентуално да се оспори неговата уставност “ изјави во јули Бујар Османи- вицепремиер за европски интеграции.

Владата досега не ја информираше јавноста дека законот е испратен до Венецијанската комисија.

Оставете коментар