Владо Поповски: Џафери направи грешка во чекори (ВИДЕО)

Професор Владо Поповски на Алсат М

Универзитетскиот професор и поранешен министер за правда, Владо Поповски, во емисијата „360“ на Алсат М, објаснува што беше и што е спорно со „донесувањето“ на Законот за употреба на јазиците на 14 март во македонскиот парламент, по што шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, одби да потпише указ за стапување во сила на овој закон.

„Кога претседателот (на државата н.з.) решава, од одредени причини што ги наведува на општ или на посебен начин, дане го потпише законот, тогаш третото читање значи преразглдување на забелешките на претседателот и гласање на пленарна седница дали (забелешките) се усвојуваат или не…“