ВМРО-ДПМНЕ: Да запре агонијата во која западна општеството

„Граѓаните на Република Македонија вчера ја видоа сета деструкција на власта и антидржавните политики што се спроведуваат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Без опозиција, Собранието донесе неуставен закон за двојазичност со кој што се редефинира државата.

Истовремено ја задолжуваат Македонија за половина милијарда евра, пари кои ќе ги трошат за задоволување на мегаломанските потреби.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја продава сопствената компанија на грчка фирма, додека Никола Димитров е на тајни преговори во Солун за промена на името.

Паралелно, владата одлучува ТАВ да не гради карго аеродром во Штип со кој што економски ќе заживееше цела источна Македонија и ќе се обезбедеше економски просперитет на подолг рок.

Во вакви услови невини луѓе патриоти се носат со лисици пред суд, а потоа пред камери ги враќаа во притвор иако за тоа нема никаква основа.

Македонската јавност ги слушна аргументите изложени од нивната одбрана и се увери дека овие луѓе не се терористи туку жртви на политички прогон.

Апелациониот суд може да го запре процесот на агонија во кој запаѓа општеството и да го врати принципот на владеење на правото како императив во својата работа…“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.