ВМРО – ДПМНЕ не оди на баци рака кај Џафери

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ утре нема да присуствуваат на утрешната координaциja кај нелегално избраниот Талат Џафери планира да разговара за идните чекори на Собранието. За ВМРО-ДПМНЕ тој е само пратеник и е избран во незаконска постапка.

– Тој е во моментов, а веројатно така ќе остане и понатаму, узурпатор на позицијата претседател на Собранието. Тој за нас може да биде само пратеник, тука е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме. Но, претседател на Собрание не може да биде наречен затоа што е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Инаку утрешната координација Џафери ја повика со цел да најде решение за мандатот на локалната власт.

SHARE