ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собрание од математички и политички причини

„Поради математички и политички причини, не можеме да учествуваме во работата на Собранието. Математичката е поради тоа што 12 отсто од пратениците ни се во притвор, а политичката е поради сериозното нарушување на демократскиот амбиент во Македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој рече дека со Ахмети имале конструктивна средба, на која што разговарале за актуелните политички и економски прашања. Дополни дека ВМРО-ДПМНЕ е партија ориентирана кон интеграциите во ЕУ и во НАТО и ќе придонесе за поквалитетни реформи.