„Срамно е колкав напор вложува МВР во обид да објасни колку е невин партискиот функционер за нападот врз полицајката, а колку не покажува ниту минимална грижа да го открие сторителот кој избоде 17 годишно момче во центарот на Скопје“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со „блиската средба“ на полицискиот службеник Јасмина Јаначковска и високиот функционер на ДУИ, Беќир Асани. Во инцидентот Јаначковска била повредена за што изјави дека се удрила во возилото „пајак“ кое го повикала да гокрене возилото на Асани, на што овој се спротивставил и (вербално) ја нападнал.

„Докази за случајот има. СДСМ не смее да го урива угледот на институциите заради политички интереси. Барањето граѓаните да и доставеле снимки на полицијата е недолично. Доволно е да се преслуша снимената службена комуникација и барањето на помош од страна на полицајката. Доволно е да се провери листингот од телефонот на партискиот функционер и да се види кај кого се јавувал и ургирал. Доволно е да се прашаат полициските службеници кои дошле на лице место зошто не интервенирале и зошто го пуштиле функционерот да си замине. Сите докази на министерот Спасовски му се пред нос, доколку одлучи да ја напушти верзијата за самоповредување на полицајката“ се вели во соопштението.

Пајакот не ја нападнал полициската службеничка! Секој обид јавноста да се убеди дека полициската службеничка е жртва на пајакот е срамно потценување на граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.