Паметните детски часовници им дозволуваат на родители да ја знаат нивната локација и да им се јават на децата во итни случаи, но некои часовници имаат безбедносни недостатоци, што ги прави да лесни за пробивање.

Норвешката компанија за заштита на потрошувачите ги тестираше часовниците на разни компании и откри дека напаѓачите лесно можат да ја следат локацијата на децата, да ги прислушуваат или да комуницираат со нив.

Овие се часовници, кои функционираат како основна верзија на телефон, а децата да имаат копче СОС кое може да повика предефинирани броеви во случај на вонредна состојба.

Сите 10 тестирани паметни часовници беа подложни на напад благодарение на недостатокот на енкрипција, како и базичните нивоа на верификација.

„Паметните часовници стануваат значаен дел од нашите животи, но нивната функционалност носи и одредени ризици, како на пример лесен пристап до сите ваши податоци. За да се минимизираат овие проблеми, потребни се стандарди и мерки за заштита на овие уреди“ изјави Џенсон  Шмит, генерален менаџер на HP Security.