Воениот марш на навивачите на Динамо Дрезден

Министерството за внатрешни работи на Германија започна сеопфатна истрага по ексцесите што во саботата ги предизвикаа навивачите на Динамо Дрезден при гостувањето кај Карслуе. Тие облечени во униформи на германската армија предизвикаа серија инциденти пред, за време и по мечот, во кои беа повредени 15 полицајци и 21 стујард на стадионот во јужниот германски град.
Од траспарентите што ги носеа навивачите јавноста заклучи дека водат војна со Фудбалската федерација која наводно е против враќање на нивниот клуб во Бундес лигата, но потоа полицијата констатирала дека имало премногу насилство, па минситерот Томас Де Мајцер порача дека “секој што напаѓа полицајци и стујарди мора де се најде зад решетки”.

SHARE