Пијан навивач на Карпати направи невидено шоу во украинскиот плеј оф меч за опстанок на тимот од Лвов со Волин. Фанот кој од премногу алкохол не знаеше за себе, влета во теренот пред крајот на првото полувреме, по што започна шоуто кое заврши со негово изнесување на раце. Во меѓувреме и негови комични, и типични за пијан човек, акробации, и влетување на негов, нешто потрезен колега и на крајот пад во несвест.

Фудбалерите овој пат не беа во фокусот, тие беа само статисти и помошници во исфрлањето на навивачот кој го приреди, спортскиот циркус на викендот.