MUNICH, GERMANY - JUNE 08: Vojdan Stojanovski of Berlin in action during the Beko BBL Playoff Final Game 1 between FC Bayern Muenchen and ALBA Berlin at Audi-Dome on June 8, 2014 in Munich, Germany. (Photo by Johannes Simon/Bongarts/Getty Images)

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски по две години го напушта шпанското првенство и кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Денеска е објавено дека следен негов клуб ќе биде турскиот прволигаш Бујукчекмеџе каде во еден период од кариерата настапуваше и Предраг Самарџиски. Договорот е на една сезона со можност за продолжување на соработката.

Последната сезона Војдан Стојановски беше во тимот на Бетис од Севиља, а претходно настапуваше и за Морабанк Андора во Шпанија. Трансферот во Бујукчекмеџе ќе биде прва можност за него да се испроба во турското првенство, едно од најсилните во Европа.