Уникатниот светски рекорд се уште не е официјализиран, но наскоро ќе биде потврдено и во Гинисовата книга на рекорди дека во Бафало се одиграл најдолгиот дуел во историјата на хокејот на мраз. Средбата траеше 10 дена, 11 часа, 3 минути и 20 секунди, што е за точно еден час повеќе од претходниот рекорд поставен во канадскиот град Едмонтон во февруари 2015. година.

Двата тима, симболично поделени на сини и бели го завршија мечот со резултат 1723-1695. Тој започна во 21 часот на 22. јуни со учество на 40 натпреварувачи, повеќе од нив на возраст над 40 години. Целта освен рекордот беше и собирање средства во висина 1,179 милиони долари кои ќе бидат донирани во Институтот за истражување на ракот “Росвел Парк” во Бафало.

Домаќин на настанот беше тимот на Бафало Сејберс од НХЛ лигата.

SHARE