Еден човек е убиен од антитерористичките едници во Брисел откако истиот со извици Allahu Akbar се заканувал дека ќе ја крене во воздух централната станица во подземната железничка. Сето се случувало околу 21 часот, а сомнителниот на себе имал експлозина направа. Кога силите на редот забележале дека тој има опасна направа веднаш пукале и го убиле, но тој во последен миг ја активирал бомбата. Таа не предизвика жртви, туку само помала материјална штета за што причина е огромната паника на пристутните во подземната станица.

Во Брисел вечерва се затворени најголемиот дел од дуќаните во централното градско подрачје, а граѓаните се замолени да не излегуваат. Полицијата го затвори целиот простор околу железничката станица, пред се La Grand Place, а потоа нивниот претставник со задоволство констатира дека нема жртви и дека е реагирано правовремено. Во исто време тој соопшти дека силите на редот остануваат во приправност зошто постои опасност ова да не е самостоен акт.

SHARE