Во Кина урната христијанска капела (ВИДЕО)

Властите на северот од Кина во градот Линфен, урнаа христијанска капела и таа „акција“ е резултат на долготрајните тензии помеѓу верските групи и официјално атеистичката Комунистичка партија на Кина, јави АП.

Очевидци и странски активисти тврдат дека биле употребени булдожери и динамит за да ја уништат Црквата на Златниот свеќник во Линфен.

АП тврди дека во 2009 година стотици полицајци и силеџии ја уништиле црквата и ги заплениле библиите.

Според проценките, во Кина живеат 60 милиони христијани.

Оставете коментар