Во кој дел од денот ќе добиете најмногу лајкови на Инстаграм?

Нема ништо полошо од тоа да споделите објава, а истата да помине речиси незабележано, иако сте мислеле дека ќе биде хит меѓу корисниците на социјалната мрежа.

 

Но, пред да се запрашате дали се работи за некоја системска грешка, или, пак, веднаш да заклучите дека вината лежи во вас самите, имајте на ум дека е можно само да сте ја објавиле вашата фотографија во погрешно време, пишува порталот црнобело.мк

 

Доколку сте опседнати со споделувањето фотки и видеа на Инстаграм, тогаш сигурно ќе ве заинтригира податокот дека постои временски интервал од денот, кога објавите на оваа социјална мрежа добиваат најголем број на лајкови.

 

Ако се прашувате кое е вистинското време за објави, одговорот пристигна од алатката Hopper HQ. Тоа е помеѓу 18 и 20:30 часот во текот на работните денови, односно околу 11 наутро за време на викенд. Во тоа време има најмногу корисници на мрежата, а со самото тоа е и поголема можноста за повеќе луѓе да ја видат вашата фотографија или видео.

 

За дополнителни лајкови, ќе ви помогнат и внимателно одбраните ознаки, а според Hopper HQ, во 10-те најпопуларни се вбројуваат:

  1. #love
  2. #instagood
  3. #photooftheday
  4. #beautiful
  5. #tbt
  6. #happy
  7. #cute
  8. #fashion
  9. #followme
  10. #me.
SHARE