И додека Кристијано Роналдо полека се отвора и соопштува дека е страшно навреден и дека не сака на секој чекор во Шпанија на него да гледаат како на криминалец, шпанските финансиски аналитичари кои имаат допирни точки со фудбалот ги прават првите проценки за загубите што ќе следат со неговото заминување, без оглед на тоа што во првиот миг на преселба, а кандидати се Манчестер Јунајтед, ПСЖ и барем два кинески клуба, Реал би заработил меѓу 180 и 200 милиони евра.

Во анализата на Elconfidencial се вели дека Кралевите три пати во последните 4 години ја освојуваат Лигата на шампионите, а тоа им донело приход од 220 милиони евра, настрана што во сите 8 години престој на Португалецот тимот беше во елиминациската фаза што се барем 150 милиони плус. Договорите што Реал ги потпишува со компаниите за спортска опрема токму со Роналдо како главен брен достигнаа плафон, па Адидас пролетва се обврза да плати 850 милиони долари за десет година соработка. Тука се и останатите партнери како Bwin, Emirates, Siemens кои ќе се ладат без иконата на светскиот фудбал, а следни се турнеите по Азија и Северна Америка кои беа сериозна ставка во буџетот на клубот од Сантијаго Бернабе зошто Реал не полетува без 10 милиони евра.

Со евентуално заминување на Кристијано Роналдо на Шпанско тло билетите може да го запрат трендот на постојано поскапување, што ќе биде удар за сите клубови во Ла Лига кои од два гарантирани преполни меча ќе паднат на еден кога ќе доаѓа Барселона. На крајот губи и самиот Лионел Меси кој имаше партнер за борба, за незапамтено во светскиот фудбал ривалство и за статуетките на ФИФА. Но тоа е спортскиот дел, во финансискиот, прашањето е дали некој на Аргентинецот на Камп Ноу ќе му дадеше одврзани раце да потпише за плата од 40 милиони евра годишно и плус самиот да бира соиграчи кои како во случајот на Марко Верати чинат 100 милиони. Ако не беше панданот од главниот град, веројатно не?

 

SHARE