Во македонските учебници ќе се менуваат лекциите што провоцираат

Исклучиво политиката а не граѓаните е виновникот за заладените односи меѓу Бугарија и Македонија смета прмиерот Зоран Заев по завршувањето на посетата на Софија.

Според него голем дел од историјата е заедничка, а најавува дека во македонските учебници ќе биде променето се што не е во новиот дух на соработка.

За тоа чиј е Цар Самоил смета дека не треба да дебатираат политичарите, туку историчарите.

По дводневната посета на Бугарија најавува многу проекти во инфраструктурата и енергетиката.

Вчера тој се сретна со својот бугарски колега, Бојко Борисов, а попладнето имаше средба со претседателот Румен Радев. На средбите со премиерот Борисов и бугарскиот претседател Заев добил поддршка за влез во ЕУ и НАТО а начелно е договорен и документот за добрососедство кој ќе биде потпишан на македонски и на бугарски јазик согласно уставите на двете земји кој допрва треба да биде допрецизиран од експерти на двете земји.

SHARE