Во МОБ ечеше „Дурловски, Дурловски“, ќе добие ли казна публиката?

Публиката во Македонската опера и балет вечерва кажа што мисли за обвинението за тероризам против првенецот на МОБ Игор Дурловски кој доби 30 дена притвор.

Откако минатата недела колегите од МНТ во знак на солидарност со актерот Владо Јовановски откажа претстава вечерва во МОБ на операта Набуко публиката скандираше во знак на поддршка за уапсениот бас од светски калибар.

Во МНТ актерите беа казнети од директорот Драган Спасов Дац. Директорот на МОБ Илија Рајковски сега има потешка задача. Тој ќе треба да ја казни публиката која што се солидаризираше со светската ѕвезда.

Извор на видеото: Република.мк

 

 

Оставете коментар