Хокинг: Значи, ова е Црна дупка! Ајнштајн: Конечно некој со кого можам да се разберам...бидејќи сите овде мислат дека се во Рајот

Научници од целиот свет му оддаде почит на британски физичар Стивен Хокинг,  „револуционерниот гениј“, кој одигра огромно влијание за популаризација на физиката.

Хокинг, кој почина деновиве на 76 години, никогаш не доби Нобелова награда за физика за својата теорија за испарување на црните дупки. Причина тоа с’е уште не е емпириски потврдено.

Но, Хокинг беше теоретичар кој не вршеше експерименти, туку човек која се обиде да ја избрише границата меѓу теолошкиот, филозофскиот поглед на свет и теоретската физика која, според него, им стана опасна конкуренција…

Но, што зборуваше генијот заробен во немоќното тело:

За Бог и за религијата

Стивен Хокинг тврдеше дека е атеист и веруваше дека науката нуди „значително поубедливо објаснување“ за потеклото на универзумот, и дека чудата во религија „не се компатибилни“ со научните факти.

„Пред да ја имаме науката, природно беше да се верува дека Бог го создал универзумот, но сега нашата наука дава значително повеќе убедливо објаснување“, рече познатиот физичар во 2014 година, во видео објавени од страна на шпанскиот весник „Мундо“.

За изјавата „умот на Бог“, фраза што ја употребил во неговата книга „Кратка историја на времето“, рече дека научниците почнуваат да го разбираат умот на Бог преку збир на научни принципи колоквијално познат како „теорија на сè“.

Тоа не беше и единствен пат Хокинг да борува отворено за неговите верски убедувања.

Во 2011 година за „Гардијан“ тој изјави дека не верува во рајот или во задгробниот живот бидејќи тоа се “приказни за луѓе кои се плашат од темнина“.

Хокинг е, исто така, во 2007 година изјави дека „не е религиозен во конвенционална смисла“ туку дека „верува“ дека универзумот е управуван од законите на науката.

Овие закони можеби ги донел Бог, но тој не интервенира и не ги прекршува..

Науката против филозофијата

На Google Cajtgast конференцијата во 2011 година, Хокинг рече дека „филозофијата е мртва“.

Тој верува дека филозофијата не успеа да држи чекор со развојот на модерната наука и дека научниците станале „носители на факелот на откритијата во нашата потрага по знаење“.

Тој рече дека сите филозофски прашања ќе бидат одговорени од науката, особено кога станува збор за „најновите научни теории кои ни даваат една сосема поинаква слика на универзумот и на нашето место во него“.

За вештачката интелигенција

Физичарот за магазинот „Wired“ во една прилика изјави дека вештачката интелигенција во еден момент ќее стане толку напредна што во суштина ќе се претвори во „нова форма на живот“, кој ќе биде поефикасен од оној на луѓето.

„Се плашам дека вештачката интелигенција целосно ќе ги замени луѓето“ зборуваше Хокинг, според кој „еден ден ќе биде вештачка интелигенција која ќе може да се реплицира“.

Ако се јават вонземјани, не одговарајте!

Чудно за Хокинг, но тој сметаше дека интелигентни вонземјани би можеле да бидат непријателски настроени кон луѓето, па дури и да посакаат да ја колонизираат планетата богата со ресурси, како што е случај со Земјата.

Тој е во документарниот филм „Stephen Hawking’s Favorite Places “ од минатата година тој вели дека доколку се добие сигнал од вселената „треба добро да се размисли дали да се одговори. Средба со напредна цивилизација може да биде несреќна како онаа на Колумбо и Индијанци. Тоа нема да заврши “ предупреди Хокинг.

Луѓето треба да ја напуштат Земјата…

Астрофизичарот Хокинг лани предупреди  дека луѓето ќе мора да побараат нов дом во вселената во следните 200 до 500 години – ако преживеат до тогаш.

Преселбата во вселената целосно ќе ја промени иднината на човештвото. „Се надевам дека единствена цел која може да ги обедини спротивставените држави“ велеше Хокинг.

За доброволната евтаназија

Хокинг, кој боледуваше од 18 години боледуваше од амиотрофична латерална склероза – АЛС и на 21 години му беше кажано дека има само уште две до три години од својот живот, сметасше дека иако луѓето треба да имаат право да го завршат својот живот ако сакаат, тоа би било голема грешка: „Колку и лошо да изгледа нечиј живот, секогаш постои нешто што можете да го направите за да биде успешен. Додека постои живот, има има надеж“, рече Хокинг во едно интервју во 2006 година.

Сепак, во едно интервју за Би-би-си во 2013 година, тој им даде целосна поддршка на оние кои мислат дека повеќе не можат да живеат.

„Мислам дека оние кои се ешко болни и кои живеат во голема болка треба да имаат право да одберат дали ќе го завршат својот живот, а оние што ќе им помогнат во таа намера, треба да бидат ослободени од гонење“, рече Хокинг, додавајќи дека „Ние не дозволуваме животните да страдаат, зошто тогаш би ги оставиле луѓето (да страдаат)”.