Во Собранието сите против секого за законот за јазици

Продолжуваат тензиите во Собранието откако спикерот Талат Џафери закажа седница за дебата по законот за Јазици кој е вратен на потворно усвојување со ветото на претседателот Иванов.

Според информациите од таму пратениците од ВМРО – ДПМНЕ не отстапуваат од 35 илјади амандмани и инсистираат на дебата за законот кој според нив е противуставен.

Пратеничката група на ДУИ инсистира на брзо гласање за „Законот за двојазичност“ без никаква расправа за амандманите за што денеска нема поддршка од коалиционите партнери во владата.

Пратениците на СДСМ се согласуваат да го гласаат Законот без отфрлање на амандманската расправа односно не сакаат гласање ако со тоа го кршат Деловникот.

Доколку Собранието навистина расправа по амандманите предложени од опозицијата на пратениците ќе им бидат потребни најмалку 6 месеци за да дојдат до гласање.