Светските медиуми известуваат за фасцинантно откритие во најголемото турско езеро. За време на подводните ископувања, археолозите и нуркачите пронајдоа тврдина во езерото Ван од пред 3.000 години. Тие веруваат дека таа потекнува од Урарту цивилизацијата, кога нивото на водата во овој простор била стотина метри пониско.

Тахсин Кајлан, шефот на тимот за нуркање, вели дека урнатините се дел од голем комплекс кој се протегал на површина од еден километар и дека ѕидовите на тврдината се високи помеѓу три и четири метри.

„Наоѓањето на овој замок под вода е чудо“, рече тој, истакнувајќи дека езерото Ван има историја од околу 600.000 години.

По ова големо откритие, тој објави дека истражувањата во езерото Ван ќе продолжат.

Оставете коментар