Претседателот на Хрватската пензионерска партија (ХСУ) Силвано Хреља, коментирајќи ја најавената пензиска реформа, оцени дека е неприфатливо зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 65 години за жени и 67 години за мажи.

Објавувајќи ја жестоката борба за пензиската реформа, Хреља заклучил дека министерот за труд и пензиски систем Марко Павиќ веќе делумно ретериирал.

Павиќ најпрво најавил дека мерката ќе стапи во сила во 2028, а подоцна ја навел 2033 како можна година кога во пензија ќе се оди на постара возраст.

Се очекува реформата на пензиите, односно пакетот закони и мерки што е планираат да се најдат пред хрватскиот Сабор во септември.

И во Македонија се очекуваат корекции на старосната граница заради спас на Пензискиот фонд, а според институтот за економски истражувања „Finance Think“, една од мерките би било зголемување на старосната граница за заминување во пензија од сегашните 62 на 64 години за жени и од 64 на 66 години старост за мажи.